/ Прочитано:

2.099

Чудни закони и правила од светските законодавства

Според Законот за регулирање на увозот и извозот од 1995 година, џвакањето мастика на јавен простор во Сингапур е забрането. Но според тој закон, во одредени случаи џвакањето мастика се дозволува само ако мастиката е наменета за медицински цели со цел заштита на здравјето.

akad 2

Угледиот њујоршки магазин „Бизнис инсајдер” направил истражување за тоа кои се најчудните закони и правила низ светот. Во статија објавена на веб-порталот се издвојуваат неколку невообичаени законски одредби.

Така, како прв пример на невообичаен закон се наведува Законот за лососот кој бил донесен во 1986 година во Велика Британија, според кој во чл. 32 детално е опишано дејствието на одземање или убивање на рибата лосос за кое сторителот може да биде осуден и на казна затвор во траење до 3 месеци или на парична казна.

Според Законот за регулирање на увозот и извозот од 1995 година, џвакањето мастика на јавен простор во Сингапур е забрането. Но според тој закон, во одредени случаи џвакањето мастика се дозволува само ако мастиката е наменета за медицински цели со цел заштита на здравјето.

Во Данска е забрането на детето да му се даде чудно име. Имено, бидејќи во пораст било давањето на нестандардни имиња, особено на децата на познатите личности, во 2004 година, според препорака на Универзитетот во Копенхаген и Министерството за црковни прашања, бил донесен овој закон со кој на граѓаните им се остава список со повеќе од 7 000 западноевропски и англиски имиња за избор, а неодамна на тој список биле додадени и имињата Али и Хасан.

Според Законот за сообраќај, во Мексико не се дозволува возачот да ги дигне стапалата од педалите при возење велосипед со цел да не ја загуби контролата и да не предизвика сообраќајна незгода. Ова правило било донесено во 1892 година.

Врховниот суд на Швајцарија во 2009 година забранил планинарите да се искачуваат голи во природа откако во кантонот Апензел еден човек бил казнет со 100 швајцарски франци бидејќи планинарејќи поминал гол покрај брачен пар со мали деца и покрај еден центар за рехабилитација од дрога во населеното место.

Во Венеција ќе бидете казнети со 700 евра доколку ги храните гулабите на плоштадот Свети Марко. Градот во 2009 забранил фрлање храна на птиците со цел граѓаните да не бидат напаѓани од нив, како и за да се заштитат спомениците кои се наоѓаат на плоштадот.

Градот Петролија во Канада забранил каква било прекумерна бучава, меѓу 23:00 и 7:00 часот, предизвикана од свирчиња и потпевнување, со образложение дека се создавале здравствени проблеми со центарот за слух кај луѓето.

Во Грузија им е забрането на сопствениците на кокошки да ги пуштаат кокошките да поминуваат преку улица со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Во Грција, доколку туристите сакаат да ги разгледуваат античките градби и споменици, им се забранува носење високи потпетици бидејќи постои можност од оштетување на спомениците, како и опасност од стекнување повреди. Во Франција до 2013 година претставувало кривично дело свињите да бидат именувани со името Наполеон, но сега тоа е сведено само како прекршок.