/ Прочитано:

969

ЦР: Утре прием на годишни сметки за 2015 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност

Приемот на годишните сметки ќе се врши во сите регистрациони канцеларии во Република Македонија од 08:00 до 20:00 часот.

centralen-registar

Централниот регистар на Република Македонија известува дека утре ќе врши прием на годишни сметки за 2015 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациони канцеларии во Република Македонија од 08:00 до 20:00 часот.

Воедно, на 15.3.2016 година Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово (простории на општината), во Крушево (поранешна канцеларија на Централен регистар) и во Демир Хисар (простории на општината), во периодот од 08:30 до 16:30 часот.