/Прочитано:

1.259

Црвен крст: Мисија што се бори со ужасите на војната – од идеја за хуманост до меѓународно хуманитарно право

Денеска се одбележува 151 година од постоењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, чие постоење и благородна дејност претставуваат синоним за човековата хуманост и меѓународното хуманитарно право. Имплементацијата на меѓународното хуманитарно право како сегмент од меѓународното право ги обединува меѓународно-правните инструменти кои се применуваат во случаи на вооружени конфликти со цел лимитирање на последиците од истите, е прашање на кое меѓународната заедница и државите посветуваат особено внимание.

Историја и мисија

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од 10 члена и била прокламирана мисијата на движењето:

Анри Динан

 „Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.“

Според податоците на Црвениот крст на Македонија, македонскиот Црвен крст е формиран на 17 март 1945 година. Црвениот крст на Република Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење. Како битни услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Македонија се:

  • Прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува наведените документи;
  • Собранието на Република Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

 Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Црвениот крст на РМ не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија. Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и начинот на финансирање на задачите на Црвениот крст се уредени во посебен закон Закон за Црвениот крст на Република Македонија (Сл. Весник бр.41/94). Со Статутот на Црвениот крст на РМ поблиску се уредени поставеноста и структурата на Организацијата како и основните цели и задачи и истиот е во согласност со Статутот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Што е меѓународно хуманитарно право?

Меѓународното хуманитарно право претставува законска и статутарна обврска на НД за негова дисеминација, промоција, имплементација и афирмација. Меѓународното хуманитарно право претставува збир на правила, кои од хуманитарни причини, имаат за цел да ги лимитираат ефектите од вооружените конфликти. МХП ги заштитува лицата кои не учествувале или повеќе не учествуваат во непријателствата и ги ограничува средствата и методите на војување. МХП е исто така познато и уште како воено право или како право за вооружените конфликти. МХП е дел од Меѓународното право, кое всушност ги регулира односите меѓу државите. Меѓународното право се имплементира преку договорите помеѓу државите – спогодбите или конвенциите, преку обичајните правила, кои се базираат на успешните практики на државите овие правила да ги воведат како правно-обврзувачки, но и преку базичните принципи. МХП се применува при вооружените конфликти. Но, МХП не ја регулира ситуацијата, кога некоја држава може да употреби сила; ова е регулирано со значаен, но јасно дистинктиран дел од меѓународното право, кој е содржан во Повелбата на Обединетите Нации.

Потекло и краток историјат на МХП

Голем дел од МХП е содржано во четирите Женевски конвенции од 1949 год. Скоро секоја држава во светот ги има ратификувано и со тоа се има обврзано истите да ги почитува. Конвенциите, понатаму се доразвија и се дополнија со два дополнителни договори: Дополнителните Протоколи од 1977 год. за заштита на жртвите во вооружените конфликти. Други договори кои ја забрануваат употребата на одредени оружја и воени тактики и кои заштитуваат одредени категории на лица и добра:

  • Конвенцијата за заштита на културната сопственост во случај на вооружен конфликт, од 1954 година, плус двата дополнителни протоколи на истата;
  • Конвенцијата за билошко оружје, од 1972 година;
  • Конвенцијата за конвенционални оружја, од 1980 година и нејзините пет протоколи;
  • Конвенцијата за хемиско оружје, од 1993 година;
  • Конвенцијата од Отава за против-нагазни мини, од 1997 година;
  • Факултативниот протокол на конвенцијата за заштита на правата на децата инволвирани во вооружен конфликт, од 2000 година.

 Многу норми од МХП денеска се прифатени како обичајно право, т.е. се прифаќаат како базични правила кон кои државите се придржуваат.

Кога МХП се применува?

МХП се применува единствено при вооружени конфликти; не покрива внатрешни тензии или немири, како на пример, изолирани акти на насилство. Правото се применува само откако конфликтот отпочнал, и тоа подеднакво кон сите страни, без оглед на тоа кој прв ја почнал борбата. МХП врши јасна дистинкција помеѓу меѓународен и не-меѓународен вооружен конфликт. Меѓународен вооружен конфликт претставува оној вооружен конфликт во кој најмалку две држави се инволвирани. Тие се предмет на широк опсег на правна регулација, вклучувајќи ги и правилата опфатени во четирите Женевски конвенции и Дополнителниот Не-меѓународен вооружен конфликт претставува оној вооружен конфликт кој е ограничен на територијата на една држава, во кој се инволвирани или регуларни вооружени сили кои се борат против групи на вооружени дисиденти, или вооружени групи кои се борат меѓу себе. Многу полимитиран опсег од правила се применуваат при внатрешни вооружени конфликти и истите ја имаат својата основа во членот 3 кој што е заеднички за сите четири Женевски конвенции, како и Многу е битно да се врши диференцијација помеѓу Меѓународното хуманитарно право и Законот за човекови права. Иако одреден дел од правните правила и норми им се слични, овие две законски и правни гранки се развивале подеинечно и се содржат во различни договори и спогодби. Поконкретно, Законот за човекови права- за разлика од МХП- се применува во мирновремени услови, а многу од неговите норми можат да бидат суспендирани за време на вооружен конфликт.

Што покрива МХП?

Меѓународното хуманитарно право покрива две области:

  • Заштита на лицата кои не учествувале или повеќе не учествуваат во борбите;
  • Ограничување на средствата за војување- посебни оружја- и методи на војување, како воени тактики.

 Што е „заштита“?

МХП ги заштитува оние кои не учествуваат во борбите, како цивили или медицинскиот и религиозниот воен персонал. Исто така, ги заштитува и оние кои прекинале со борбените дејства, како ранетите бродоломците и болните, како и воените заробеници. Кон овие категории на лица мора да се води сметка за нивниот живот, како и за нивниот физички и ментален интегритет. Тие исто така уживаат и правна сигурност. Мора да бидат заштитени и кон нив да се постапува хумано во сите услови, без никакви непријателски чувства и изливи. Поконкретно: забрането е да се убива или ранува непријател којшто се предал или не е во состојба да се бори; болните и ранетите мора да се прифатат и за нив да води грижа страната во конфликтот на чија територија истите се нашле. Медицинскиот персонал, набавките, болниците и амбулантите исто така мора да се заштитени. Постојат, исто така, детални правила кои се однесуваат на условите за притворање на воените заробеници и начините со кои ќе се постапува со цивилите кои ќе се најдат под властта на противничката сила. Ова ги вклучува и правата за добивање храна, засолништа и медицинска нега, како и правото за размена на пораки со нивните фамилии. Правото укажува на бројни јасно препознатливи симболи кои можат да се искористат за да се идентификуваат заштитените лица, места и објекти. Главните амблеми се црвен крст, црвена полумесечина и симболите коишто ја идентификуваат културната сопственост и објектите на цивилната заштита.

Кои се ограничувањата за оружје и тактики?

Меѓународното хуманитарно право ги забранува сите средства и методи на војување кои:

  • Не успеваат да направат разлика помеѓу оние коишто директно учествуваат во борбите и оние, како цивилите на пример, кои не учествуваат во борбите, како и оние кои немаат за цел да ги заштитат цивилната популација, индивидуалните цивили и цивилната сопственост;
  • Предизвикуваат екстремни повреди или непотребно страдање;
  • Предизвикуваат квалитативни и квантитативни или на подолг рок повреди и оштетувања на животната средина.

 Хуманитарното право токму во таа насока ја замрзна употребата на многу оружја, вклучувајќи ги т.н. бум-бум куршуми, хемиското и биолошкото оружје, светлосните ласерски оружја, како и нагазните мини.

Дали МХП навистина се применува во пракса?

За жал, постојат безброј примери во кои се прекршува МХП. Во пораст, како жртви на војната се јавуваат цивилите. Како и да е, постојат важни случаи каде МХП направило јасна дистинкција во заштитата на цивилите, заробениците, болните и ранетите, како и во ограничувањето на употребата на варварски оружја. Имајќи го ова во предвид, имплементацијата на овој корпус на правни акти кои се применуваат во случаи на екстремно насилство, секогаш ќе претставува голема тешкотија. Тоа само покажува и докажува дека напорите за ефективна исполнителност остануваат ургентни како и секогаш.

Што треба да се направи да се имплементира законот?

Мора да се преземат мерки за да се обезбеди респектот кон Меѓународното хуманитарно право. Државите имаат обврска да подучуваат и да ги едуцираат на правилата на МХП, своите вооружени сили, но и целата јавност. Тие мора да ги превенираат прекршувањата или да ги санкционираат доколку истите се случат. Поконкретно, тие мора да донесат закони за казнување на најсериозните прекршувања на Женевските конвенции и Дополнителните Протоколи, кои се означени како воени злосторства. Државите исто така мора да донесат закони за заштита на амблемите на црвениот крст и црвената полумесечина. Преземени се мерки и на меѓународно ниво: создадени се трибунали за санкционирање на делата кои се извршени во последните два конфликти(за поранешна Југославија и Руанда). Во 1998 година врз основа на Римскиот Статут беше формиран меѓународниот кривичен суд во Рим, за интер алиа воените злосторства. Без разлика дали станува збор за индивидуалци, влади, невладини организации, здруженија или најразлични други организации, сите ние може да дадеме значаен придонес во имплементирањето и ширењето на знаењата и позитивните ефекти на МХП.

„Ова не води до сознанието дека хуманитарните принципи се заеднички за сите човечки заедници каде и да се наоѓаат. Кога различни обичаи, ентитети и филозофии ќе се соберат за споредба, истите ќе се претопат во едно, нивните специфичности ќе се елиминираат, ќе остане чиста супстанца која всушност претставува наследство на целото човештво“. Јеан Пицтет, Меѓународна димензија на хуманитарното право Потпишувањето на Женевската конвенција од 22 август 1864 год. Идејата дека човештвото мора да биде заштитено од последиците од војната може да се најде помеѓу сите луѓе од „Antiquits“. Беше само деветнаесетиот век кога се направија позначајни напори за да се направи војната , што е можно похумана. Судбоносен и одлучувачки момент беше создавањето на МКЦК во февруари 1863 година и потпишувањето, во август 1864 година, на Женевската конвенција за подобрување на судбината ранетите на бојното поле, кој всушност го сигнализираше раѓањето на меѓународното хуманитарно право.

Договорите и обичајното меѓународно хуманитарно право

Договорното право и обичајното меѓународно хуманитарно право се главните извори на хуманитарното право. За разлика од договорното право(на пример: четирите Женевски конвенции), обичајното хуманитарно право не е пишано.

Едно правило претставува обичај доколку рефлектира одредена државна практика а истовремено постои и барање од меѓународната заедница, државата да потврди дека токму таа практика заменува соодветна законска материја. Додека договорите ги засегаат само оние држави кои ги ратификувале истите, обичајните правни норми важат за сите држави. Четирите Женевски конвенции од 1949 год. и нивните Дополнителни Протоколи претставуваат основните инструменти на хуманитарното право.

Заштитени лица и сопственост и МХП

Во МХП, заштитени лица се оние врз кои поединечните договори се применуваат, односно кои се заштитени со правните норми дадени во тие договори и кои уживаат одредени права кога се наоѓаат под власт на противникот. Да биде појасно, заштитени лица се оние кои во услови на војна имаат одредени бенефити врз основа на потпишаните договори, но и на обичјаното хуманитарно право. Конкретно, заштитени лица се ранетите, болните, бродоломците, воените заробеници и други лица кои се лишени од слобода, како резултат на конфликтот, цивили и други лица кои веќе не учествуваат во конфликтот, медицинскиот и религиозниот персонал, персоналот на организациите за помош, персоналот на организациите на цивилната одбрана и медијаторите. Во случај на вооружен конфликт постојат и т.н. заштитени објекти. Тука спаѓаат културната сопственост и други цивилни објекти како и воените медицински установи и амбуланти.

Цивили под власт на противникот и МХП

 Цивилите подлежат на заштита кога, како резултат на меѓународен вооружен конфликт или при окупација, ќе се најдат во рацете на страна која не е од иста националност. Повеќе информации во Четвртата Женевска конвенција поврзана со Заштитата на Цивилите во услови на војна од 12 август 1949 година, особено член 4.

Воените заробеници и хуманитарното право

Воен заробеник претставува борец, најчесто припадник на вооружените сили на една страна во меѓународен вооружен конфликт или е индивидуалец кој ужива еквивалентен правен статус, но кој паднал под власт на спротивната страна во конфликтот.

Во индивидуалци кои уживаат еднаков правен статус спаѓаат воените кореспонденти, набавувачите на залихи, трговскиот екипаж на воените и цивилни воздухоплови, како и цивили кои спонтано земале оружје во рака да ја спречат инвазијата на непријателот (член 4, Трета Женевска конвенција од 1949 година). Во случај на сомнеж, секое лице кое ќе земе учество во непријателствата ќе се здобие со статус на воен заробеник( член 45.1, Дополнителен Протокол 1 од 1977). Третата Женевска конвенција од 1949 година се однесува на воените заробеници.

Ранети, болни и бродоломци и МХП

 Во 1859 година, Швајцарскиот банкар Анри Динан бил сведок на ужасната реалност на ранети војници кои биле оставени без било каква помош бојното поле близу Солферино. Неговата иницијатива да се обезбеди заштита на ранетите и болните на бојното поле, вродила со плод со потпишувањето на Женевската конвенција од 1864 година. Со текот на времето оваа заштита била постојано надградувана. Истата добила детален правен режим и столб со донесувањето на Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните Протоколи од 1977 година. Првата Женевска конвенција се однесува на ранетите и болните, втората ја проширува заштитата на бродоломците. Овие договори специфично утврдуваат дека ранетите, болните и бродоломците мораат да бидат заштитени и респектирани се додека отсуствуваат од борбени дејства.

Медицинскиот и религиозниот персонал, медицинските тимови, транспортерите и матерјалите

 Четирите Женевски конвенции од 1949 година и Дополнителните Протоколи од 1977 година се однесуваат не само на заштита на ранетите, болните и бродоломците, туку и за лицата кои се грижат за нивните психички и духовни потреби – медицинскиот персонал, административниот помошен персонал и религиозниот персонал( ЖК1 член 24, 25; ЖК2 член 36, 37; ДП1 член 8(ц) и (д), кои не смеат да бидат нападнати и на кои мора да им се дозволи да ги исполнат нивните медицински и религиозни должности( ЖК1 член 24-27; ЖК2 член 36, 37; ДП1 член 15-20; ДП2 член 9, 10). МХП исто така има воспоставено сеопфатна и детално разработена заштита за медицинските тимови, транспортерите и медицинските матерјали( ЖК1 член 19-23, 33-37; ЖК2 член 22-27, 34, 38-40; ЖК4 член 18, 21-22; ДП1 член 8(е)-(ј), 12-14, 21, 22; ДП2 член 11).

Заштитата на хуманитарните работници и МХП

Во согласност со МХП, културната сопственост е заштитена од било каков акѕ на насилство( уништување, кражби, реквизиција, акти на репресалија или одмазда…). Во прилог на ова, употребата на културната сопственост за поддршка на воени дејствија исто така е забранета( член 53 од Дополнителниот Протокол 1 и член 16 од Дополнителниот Протокол 2). Амблемот за вршење јасна дистинкција содржан во член 6 од Хашката конвенција од 14 мај 1954 за Заштита на Културната Сопственост во случај на вооружен конфликт , може да се постави на објектот од културна сопственост.

Цивилната одбрана и МХП

Цивилната одбрана е задолжена за олеснувачки и спасувачки операции кои ги изведува цивилното население во случај на природна или технолошка катастрофа или вооружен конфликт. Нејзината цел е да ги минимизира загубите на човечки животи или оштетувањата на цивилната сопственост. Во прилог на тоа, има за цел да му помогне на цивилното население да заздраве од ненадејните ефекти на катастрофата или насилството и истовремено да овозможИ услови за нивно преживување. Види ги членовите 61, 62, 63, 64, 65, 66 и 67 од Дополнителниот Протокол1 на Женевските конвенции/ckrm.org.mk 

8.05.2014

Спонзориран текст