/ Прочитано:

1.509

Цветанка Периќ избрана за судија во Врховниот суд

Денеска Судскиот совет ја избра судијката Цветанка Периќ за судија во Врховниот суд. Периќ во Апелациониот суд работела на кривичната материја, а за судија во истиот суд е избрана во 2011 година.

Според образложението, судијката Периќ имала најмногу бодови на листата од четири пријавени кандидати и е едногласно избрана од членовите на Судскиот совет.