/ Прочитано:

1.637

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Даночни одложувања, финансиска поддршка за компаниите и заштита на животниот стандард на населението се дел од мерките што ги предлага „Фајнанс тинк“ за заштита на домашната економија, а во насока на економска заштита на фирмите и граѓаните.

Даночни одложувања

Одложување на плаќање на ДДВ во период додека постои намалена економска активност и нарушена ликвидност. Ваква мерка е веќе воведена во Данска, Грција, Италија, Шпанија. Суспендирање на аконтациите за данок на добивка во период од најмалку 3 месеци.

Одложено плаќање на социјални придонеси, во период до 3 месеци, за директно погодените сектори, првенствено трговијата, транспортот и хотелиерството и со посебен фокус на мали и средни претпријатија. Франција, Грција , Велика Британија се дел од земјите кои воведоа вакви мерки.

Финансиска поддршка за компаниите

Преземање на надоместокот за принудно отсуство од работа; Обезбедување кредити без камата или со многу ниска каматна стапка за одржување на тековната ликвидност поради нарушено производство или поради моментална потешкотија да се покријат разликите во цената на инпутите. Мерки од оваа група воведоа Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Данска.

Редуцирање на парафискалните давачки во секторите трговија, транспорт и хотелиерство за најмалку 50% во период од 12 месеци.

Заштита на животниот стандард на населението

Плафонирање на цените на основните прехранбени производи, во случај зголемената побарувачка да влијае врз нивен забрзан пораст.

Продолжување на роковите за отплата на кредити на граѓани кои се соочуваат (ќе се соочат) со (времено) губење на работата, за период до шест месеци.

Суспендирање на затезната (казнена) камата за измирување на обврските од страна на граѓаните по кој било основ (отплата на кредити, измирување обврски за комуналии) најмногу до девет месеци по нивното доспевање.

Целосниот текст на предлозите за справување со економските ефекти од Ковид-19.

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В