Дадена согласност за Протоколот за организирање и изведување натпревари на учениците
„Во согласност со препораката на Комисијата за заразни болести, Владата даде согласност за Протоколот за организирање и изведување натпревари на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и на државно ниво во основното образование во услови на пандемија и за Протоколот за организирање и реализирање натпревари во средните училишта во услови на пандемија од ковид-19“, информираат од Владата.
М.В