„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“ – целосен текст на Предлогот за нов референдум
Граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија, на сто седумдесет и девет граѓани, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, е на дневен ред на денешната Законодавно-правна комисија. „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“, е прашањето кое се предлага да биде референдумско прашање.
Предлогот за поведување граѓанска иницијатива на државно ниво доби зелено светло од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Во материјалот поднесен до пратениците, кој е објавен од страна на Собранието, подносителот на иницијативата се повикува на Уставот на Република Македонија и на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија, се вели во Предлогот, власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
„Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.
Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.
Одлуката донесена на референдумот е задолжителна“, се пропишува во членот 73 од Уставот, на кој упатува Предлогот.
Во Предлогот се упатува и на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, во кој се пропишува дека „Граѓанска иницијатива може да се покрене за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво.“
Предлагачот на иницијативата бара од претседателот на Собранието да се утврди уредноста на иницијативата во рок од 3 дена, по што би започнала постапката за собирање на потписите.
Во образложението за потребата од референдум предлагачот се повикува на декларациите за сувереност и меѓународно признавање на Македонија, како и на референдумот за сувереност од 1991 година, но и на референдумот за Договорот со Грција, на кој, како што се потенцира во иницијативата, одлуката не била усвоена поради непостоење на потребниот цензус. Во Предлогот за распишување на нов референдум се вели дека Договорот од Преспа е нелегален, спротивен на Уставот и спротивен на Виенската конвенција за договорно право.
Донесувањето на уставните амандмани на собраниска седница
Текстот на Предлог-амандманите за измени на Уставот поднесени во Собранието на РМ
Собранискиот деловник во врска со донесувањето и прогласувањето амандманите на Уставот
Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени
Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени
Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН
Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени
Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот
Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот
Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања
Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот
Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија
Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот
Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања
Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот
Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот
Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата
Во Министерството за правда засега нема предлог за уставните измени
Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот
ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот
ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В