/ Прочитано:

6.970

Даница Џонова именувана за вршител на должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП

Владата на РМ ја именуваше Даница Џонова од Бирото за застапување на Република Македонија за вршител на должноста директор на овој орган на државната управа во состав на Министерството за правда.

„За вршител на должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човековите права, орган во состав на Министерството за правда, по предлог на министерот за правда е именувана Даница Џонова“,  се наведува во соопштението од Владата.

Владата на РМ го утврди и престанокот на функцијата на досегашниот директор на Бирото, Костадин Богданов, кој заблагодарувајќи се на Министерството за правда за укажаната доверба, во барањето за утврдување на престанок на функцијата кое го поднесе на средината од овој месец истакна дека својата професионална кариера ќе ја продолжи како адвокат.

Како орган на државната управа во состав на Министерството за правда, Бирото ги врши работите што се однесуваат на застапувањето и постапувањето на Република Македонија пред Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) и врши други стручни работи од надлежност на Министерството.

М.В