Даночен застапник

Странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно овој закон, има обврска да се пријави за целите на данокот на додадена вредност и да назначи даночен застапник, доколку поинаку не е уредено со овој закон, се пропишува во предложените измени на Законот за ДДВ.

За да врши промет, странското лице се регистрира за целите за данокот на додадена вредност, пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата.

Странското лице, сепропишува понатаму во измените,  може да назначи само еден даночен застапник.

Назначувањето на даночен застапник се врши со поднесување на пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност заедно со  потребната докумeнтација од до надлежниот даночен орган.

Даночниот застапник може да биде назначен доколку:

  • е регистриран за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник,
  • на денот на поднесување на пријавата за назначување на даночен застапник нема доспеани, а неплатени даночни обврски и
  • ако е правно лице да не е започната стечајна или ликвидациона постапка или ако е физичко лице да не е правосилно осудено за кривично дело

Даночниот застапник има обврска за пресметување на данокот за поднесување даночна пријава; за плаќање на данокот и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот  како и да води евиденциски обврски во име на странското лице.

Во случај кога престанува даночното застапување од било која причина, странското лице заради вршење на промет назначува друг даночен застапник со доставување на нова пријава.

Даночниот застапник , се пропишува во измените, солидарно гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице. Даночниот орган води регистар на даночни застапници.

Измени на Законот за ДДВ по скратена постапка

М.В