/ Прочитано:

1.582

Даночна инспекторка обвинета за примање поткуп

„Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог  против едно лице за сторено кривично дело Примање поткуп од членот 357 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице побарала да ѝ бидат дадени 1.000 евра за да не сочини записник од извршената контрола, во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице. Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не ѝ биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице  ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

М.В