Давитковски: Постои волја за расчистување на настаните од 24 декември
Петок, 14 јуни 2013 – Комисијата која треба да ги расчисти случувањата во и пред Собранието на Република Македонија на 24 декември минатата година e конституирана и почнува со работа од утре.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска се сретнаа кај претседателот Ѓорге Иванов, a претседателот на Комисијата професорот Борче Давитковски по средбата изјави дека има голема волја за расчистување на настаните кај двете политички партии. – Има голема волја за расчитување на настаните и кај едните и кај другите. Особено кога, условно да речеме, застанаа зад мене како декан на Првниот факултет со некое правно искуство кое го имам. Ми веруваат и сакаат да се најде решение. Мислам дека тоа е добар знак и сигурно дека во предвидениот рок ќе го направиме извештајот и ќе го доставиме каде што треба, рече професорот Давитковски. Тој најави дека Комисијата од утре редовно ќе се состанува и дека ќе предложи членовите да прифатат деловник за работа во којшто ќе биде предвиден и начинот на донесување одлуки.