/ Прочитано:

1.064

ДЕБАТА ЗА ДАНОЧНАТА РЕФОРМА: Граѓаните незадоволни од тоа како државата располага со нивните пари  

Денеска во организација на Асоцијацијата „Зенит“ се одржа дебата за ефектите од реформата на персоналниот данок на доход. Дебатата е дел од проектот „Кон поправедна и поодржлива даночна политика“, поддржан од Европската Унија преку регионалната иницијатива „Граѓанските организации  како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии“.

На денешниот настан беа презентирани резултатите од анкетата спроведена со граѓани и воедно се направи осврт на степенот на остварување на целите зацртани со реформата. На настанот се говореше и за предизвиците што ги наметна реформата за дел од граѓаните и за деловните субјекти и се дискутираше за  аспектите на даночниот модел за кои би требало да се размисли да се променат во насока на подобрување на праведноста на оданочувањето.

Според податоците на „Зенит“, 44 проценти од граѓаните го поддржуваат прогресивното оданочување. Тие сметаат дека лицата со повисоки примања треба да се оданочат со повисока даночна стапка, а 40 проценти не се согласуваат со моделот.

„Во таа насока, мнозинството анкетирани граѓани изјавиле дека нема да користат законски или незаконски начин за да ги избегнат повисоките даночни стапки на персоналецот. Оттука, можеме да кажеме дека кај мнозинството граѓани постои солидарност дека треба да се поддржат социјално загрозените категории. Осумдесет и пет проценти од граѓаните не се задоволни од тоа како државата располага со нивните пари, а само шест проценти се задоволни. Ова упатува на тоа дека граѓаните не се сигурни  дека дополнително собраните средства по основ на прогресивното оданочување на данокот на доход ќе стигнат на вистинското место“, образложи Александар Николов од Асоцијацијата „Зенит“.

Тој додаде дека, според анкетата, две третини од граѓаните одговориле дека не се исполнети целите од реформата за подобрување на социјалната заштита на лицата на кои им е потребна, за подобрување на јавните услуги, како и за намалување на јазот помеѓу најбогатите и најсиромашните во државава.

Според Николов, сè уште е рано да се судат крајните ефекти од реформата бидејќи се поминати само шест месеци од нејзиното имплементирање.

„Тоа покажува дека државата или треба подобро да им објасни на граѓаните како се трошат овие дополнителни средства или можеби треба да пристапи кон законски измени во начинот на кој се мониторира трошењето на овие средства за тие да се осигурат дека парите завршуваат таму каде што треба“, истакна Николов.

Во анкетата на „Зенит“ повеќе од три четвртини од испитаниците навеле дека поддржуваат пониско оданочување со данокот на доход за посиромашните домаќинства. На денешниот настан, даночниот експерт Павле Гацов истакна дека, гледано од поширок општествен аспект, актуелната политичка клима влијае негативно и на плаќањето даноци и на целокупната економска состојба. Во таа насока, тој подвлече дека за економијата е потребна политичка стабилизација.

Тркалезна маса за прогресивниот данок на доход

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, вели министерот за финансии

Позитивно мислење за барањето за автентично толкување на членот 115 од Законот за данок на личен доход

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В