/ Прочитано:

771

Дефинирани иницијативи за натамошен развој на осигурителниот сектор

Правната комисија, Комисијата за банкоосигурување и Комисијата за јавни набавки при Здружението на осигурувањето одржаа координативни состаноци, на кои се дискутираше за актуелните прашања во доменот на осигурителниот сектор, информираат од Стопанската комора.

„Клучната улога и функција на овие комисии е да ги обединат ставовите и мислењата на сите осигурителни друштва со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, следење на законската регулатива и подготовка на препораки и мислења од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност.

Од своја страна, на состаноците беа разгледани и заземени ставови во однос на подготовка на моделот на тендерска документација поврзан со услуги од осигурителниот сектор, креирање мислење во однос на работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи, како и за перспективата за развој на банкоосигурувањето коешто добива сѐ поголемо значење во однос на заинтересираноста на банките да станат дистрибутивен канал за продажба на осигурителни производи чии главни предности се можноста за намалување на фиксните трошоци, заштеда на време и средства преку завршување на обврските на едно место, постојаната интеракција со потрошувачите, како и можност за плаќање на полисите на рати“, информираат од Стопанската комора.

М.В