Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО

Во предложените измени на Законот за работните односи, кој е сѐ уште во фаза на подготовка, се пропишува дека „Недела е ден на неделен одмор.“ Но, во врска со оваа одредба се предвидуваат и исклучоци.

По исклучок, се вели во предлогот, за работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, и тоа во дејностите:

  • одгледување на животни,
  • мешовито фармерство,
  • вадење на јаглен и лигнит,
  • вадење на руди на метал,
  • печатење и издавање на весници,
  • производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити,
  • производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси,
  • производство на метали,
  • аптеки,
  • снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
  • снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината,
  • копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт,
  • складирање и помошни дејности во превозот,
  • објекти за сместување,
  • дејности за подготовка на оброци и служење на храна,
  • филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма,
  • емитување на програма,
  • телекомуникации,
  • информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.),
  • прикажување на филмови,
  • фотографски дејности,
  • ветеринарни дејности,
  • изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила,
  • дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи,
  • дејности на повикувачки центри,
  • општи дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, а кои работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес,
  • работи на одбраната,
  • судски и правосудни дејности,
  • работи на јавниот ред и безбедноста,
  • дејности на пожарникарската служба,
  • дејности за здравствена заштита,
  • дејности на социјалната заштита со сместување,
  • креативни, уметнички и забавни дејности,
  • дејности на музеите,
  • дејности на зоолошки градини и природни резервати,
  • спортски, забавни и рекреативни дејности,
  • погребни и слични дејности,
  • царинска служба на гранични премини,
  • дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став и
  • работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот.

Измени на Законот за трговија за работното време во недела и на празници

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Заклучоци на Економско-социјалниот совет за измените на ЗРО, за недела како неработен ден и за минималната плата

12 месеци породилно отсуство и можност отсуството да се комбинира со таткото 

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В