/ Прочитано:

1.037

Дел од парите на фра Шиме пронајдени на сметка на неговата пријателка, полицијата го бара остатокот

Понеделник, 29 октомври 2012 – Хрватскиoт плејбој свештеник Шиме Нимац и дал повеќе од 2 милиони куна на банкарката Јасмина Билониќ (41) од Сплитската банка. Полицијата парите ги нашла на нејзината приватна сметка во една од домашните банки. Жупанскиот суд во Сплит донел одлука да се блокира нејзината сметка се до почнувањето на судската постапка што ќе се води против неа и нејзиниот пријател фра Шиме, пренесуваат хрватските медиуми.

Парите се само дел од вкупниот износ 9,8 милиони куни што Шиме ги добил преку продажбата на ексклузивниот црковен имот во Башка Вода. Пратејќи ја трагата на парите, полицијата открила дека Шиме Нимац и дал повеќе пари на својата пријателка од износот што бил легнат на нејзината сметка. Имено, „фаталната“ банкарка пред само неколку дена подигнала поголема сума од нејзината сметка, засега полицијата не знае каде се овие пари. Истражителите немаат одговор дали банкарката Билониќ ги ставила на сметка во Шварцарија каде претстојувала минатиот викенд или ги потрошила.

Лесно преминала граница

Билониќ била во градот Лиган, јужна Швајцарија, наводно била на службен разговор каде што и бил понуден ангажман во еден приватен инвестициски фонд. Кога заминала за Швајцарија, полицијата имала информации дека ја преминува хрватско словенската граница, но не можеле да ја спречат бидејќи во тој момент не била осомничена за ниту едно кривично дело. Кога се вратила во Швајцарија била повикана во полициска станица и таму била уапсена.

Што се однесува до земјиштето што го продал свештеникот, се истражува дали неговата постапка е само дел од нечиј поголем план. Имено, на земјиштето фрлиле око градежници, па се споменува  можноста дека земјиштето од земјоделско требало да се преименува во градежно, а со тоа неговата вредност би пораснала многу повеќе, дури и 20 пати. Така што наместо 30 евра, метар квадратен би вредел 600 евра

4 милиони куни кауција за слободата на банкарката

Жупанскиот суд и одредил притвор, но одлучил за да се брани од слобода дека треба да плати кауција од 4 милиони куни. Банкарката вложила жалба и понудила 200.000 куни, но судот и ја одбил жалбата. Обвинителството реагирало дека нејзината слобода може да влијае врз сведоци и докази, па ниту со кауција таа не треба да излезе од истражниот затвор. Ако судскиот совет ја прифати жалбата на обвинителството тогаш ќе дојде до необична ситуација, фра Шиме на слобода, а неговата пријателка зад решетки. Фра Шиме по разговорот со истражниот судијата е пуштен на слобода, а одземен му е само пасошот, треба еднаш неделно да се јавува во полициска станица.

Која е Јасмина Билониќ?

Банкарката Билониќ до 2010 година работела во Загребската банка, а потоа преминала во Сплитската банка, каде е распоредена како директор на Одделот за приватно банкарство. Работела со ВИП клиенти и наводно имала месечна плата од 60.000 куни. Меѓутоа неодамна банката поради нејзино неоправдано непојавување на  работа и го раскинала договорот, па банкарката останала без работа. Од Сплитската банка се оградиле дека немаат никаква врска со нејзините приватни ангажмани.