/ Прочитано:

1.021

Делегација на Руската дума во посета на Македонија

Вторник, 26 март 2013 – Делегација на Државната Дума на Руската Федерација денеска е во официјална посета на Република Македонија.

Руската парламентарна делегација денеска ќе има средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, а потоа и со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Руската федерација и членовите.

Во рамки на посетата ќе се одржи презентација на изданието „Руска Реч“.