/ Прочитано:

1.491

Делегација од Амбасадата на САД во Судскиот совет

Во просториите на Судскиот совет на Република Македонија се оствари средба помеѓу претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски и претставниците од Амбасадата на САД Дејвид Стивенсон, шеф на политичкиот и економскиот сектор, и  Џон Т. Мекнил, правен советник, информираат од Судскиот совет.

„На состанокот беше разговарано за начинот на избор на судиите, како и за одговорноста на сите субјекти во судството, вклучувајќи ги судиите и членовите на Судскиот совет на Република Македонија. Делегацијата од Амбасадата на САД изрази желба за соработка и поддршка за подобрување на законските решенија за избор на судии и водење на дисциплинските постапки, како и за транспарентноста на Судскиот совет на Република Македонија, а воедно понуди и можност за активна помош на експерти од САД“, се вели во соопштението на Судот.

М.В