Делегацијата на ЕУ остро го осудува инцидентот во КПУ Затвор Скопје, а премиерот ја очекува оставката од директорот
Во врска со вчерашниот инцидент во КПУ Затвор Скопје, каде што беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, реагираат и од Делегацијата на Европската Унија.
Делегацијата на ЕУ остро осудува каква било форма на насилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затворот во Шуто Оризари. Од Делегацијата нагласуваат дека очекуваат истрага за овој инцидент и одговорните да сносат последици.
Премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски.
„Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти. Секое лице што доаѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шутка, очекувам тој во понеделник до Владата да поднесе оставка“, рече премиерот Заев на денешната конференција за борба против корупција.
Министерката за правда, Рената Дескоска, вчера истакна дека очекува сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да поведат постапки за санкционирање на сторителите на насилството, но и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.
Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје
Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески
ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието
Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците
М.В