Делумно уважени жалбите во делот на казните за обвинетите во предметот „Труст“
Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Труст“ и ги преиначи првостепените одлуки. Апелацискиот суд на обвинетиот Сеад Кочан му ја намали казната од шест години на четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што му утврди казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Целосното соопштение на Апелациониот суд:
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С. делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот В. А. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.“
М.В