Демант: МВР – Адвокат и негов клиент го измамиле судот и наплатиле оштета од 1.330.824 денари
,,Посочениот адвокат за наводно сторена осигурителна измама, вест која беше објавена на akademik.mk, а цитирана од соопштение на МВР, во одговор истакнува дека не ја водел постапката во осигурителното друштво од кое се исплатени 11.500 евра, туку друг полномошник. Судската постапка адвокатот ја водел без сознанија дека оштетениот веќе наплатил надомест од друго друштво. Адвокатот и оштетениот прв и единствен пат се среќаваат непосредно пред исплатата, а сите контакти оделе преку неговиот татко. Адвокатот ја посочил а судот и осигурителното друштво ја утврдиле техничкaта грешка во однос на тоа дали Доброште е од Тетово или Прилеп и тие би реагирале доколку имало внесување на лажни податоци. Со странката е договорено и трошоците на постапката ги поднесува адвокатот. Апсурдно е некој да влезе во ризик да плати трошоци од 3000 евра и три години да работи , а притоа да знае дека ќе ги загуби тие пари и долготрајно стекнатиот углед.
Кога веќе е предизвикан интерес кај јавноста со информацијата дека биле поднесени и други 11 пријави, обврска е да се прецизира за какви пријави се работи. Од МВР, од странки или од негови соработници. Дали се нови пријави или стари кои се однесуваат на целокупното дваесетгодишно работење на неговата адвокатска канцеларија.,,
Посочениот адвокат Б.К.