/ Прочитано:

1.093

Демолирано возилото на Ацо Стефковски – братот на убиениот рибар кај Смилковското езеро

Вторник, 23 април 2013 – Ноќеска е демолиран автомобилот на Ацо Стефковски братот на убиениот рибар Борче Стефковски кај Смилковско Езеро. Стефковски уништениот Мерцедес го видел утрово кога тргнал на работа.Со камен тежок неколку килограми, скршена е задната шофершајбна. Со спреј во црвена боја ишарани се стаклата и каросеријата.

Фото: Kaнал 5

Возилото било паркирано близу нивната семејна куќа во населбата Радишани. Од сите автомобили паркирани на улицата, настрадал единствено мерцедесот на Стефковски. Вели дека не би можел да претпостави кој е вандалот. Тврди дека ниту некому должел нешто, ниту некој претходно му се заканувал. 

Полицијата извршила увид и направила фотографии од демолираниот автомобил. Стефковски возилото го купил пред шест месеци. Засега ниту тој, ниту полицијата не го поврзува инцидентот со судењето на обвинетите во случајот Монструм за  убиството на четирите момчиња и неговиот брат.