„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд
Измените на Законот за работните односи се пред Комисијата за труд и социјална политика.Со измените, се вели во законското образложение, се врши создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.
„Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и мотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Гледно во национален контекст, односите со семејството и пријателите се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и развиваат. Дополнително, работникот треба да има време да се занимава со хоби, да спортува и да посетува културни настани, а сето тоа, вклучително и исполнетиот семеен и социјален живот ќе му помогнат на работникот да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен.
Од овие причини, како и во насока на следење на современите меѓународни трендови во трудовата област, се појави потребата за определување на неделата како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес“, се вели во законското образложение.
Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти
МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор
Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија
Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО
Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО
Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор
Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии
Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците
Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство
Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право
Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В