/ Прочитано:

2.383

„Ден на неделен одмор е недела“ – текстот на новите измени на ЗРО

Извор: akademika

Во Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19, 267/20 и 151/21), во член 106 во ставот (3) по зборовите: „определени со закон“ се става запирка и се додаваат зборовите: „работа во недела“.

Член 2

Во член 134 ставот (2) се менува и гласи:
„Ден на неделен одмор е недела.“.

По ставот (2) се додаваат седум нови ставови (3), (4), (5), (6), (7), (8) и (9), кои гласат:

„(3) По исклучок од ставот (2) на овој член, за работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата и тоа во дејностите:
– одгледување на животни,
– мешовито фармерство,
– вадење на јаглен и лигнит,
– вадење на руди на метал,
– печатење и издавање на весници,
– производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити,
– производство на пиво, само во процесите поврзани со варење, квасна припрема и следење, ферментација, филтрација и енергетска поддршка на овие процеси,
– производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси,
– производство на индустриски гас,
– производство на метали,
– аптеки,
– снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
– снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината,
– копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт,
– складирање и помошни дејности во превозот,
– објекти за сместување,
– дејности за подготовка на оброци и служење на храна,
– филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма,
– емитување на програма,
– телекомуникации,
– информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и слично),
– прикажување на филмови,
– фотографски дејности,
– ветеринарни дејности,
– изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила,
– дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи,
– дејности на повикувачки центри,
– општи дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, чување на шуми, а кои работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес,
– работи на одбраната,
– судски и правосудни дејности,
– работи на јавниот ред и безбедноста,
– дејности на пожарникарската служба,
– дејности за здравствена заштита,
– дејности на социјалната заштита со сместување,
– креативни, уметнички и забавни дејности,
– дејности на музеите,
– дејности на зоолошки градини и природни резервати,
– спортски, забавни и рекреативни дејности,
– погребни и слични дејности,
– царинска служба на гранични премини,
– дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став и
– работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот.

(4) Работниците кај работодавачите од трговија на мало и трговија на големо, денот на неделен одмор од ставот (2) на овој член, го користат во согласност со Законот за трговија.

(5) Во случај на природна и друга несреќа или хаварија и спречување на последиците од нив или кога таква несреќа непосредно се очекува, на барање на работодавачот, работникот е должен да работи во недела заради заштита на животот и здравјето на луѓето и спречување на непоправлива материјална штета.

(6) Работникот од дејностите од ставовите (3), (4) и (5) на овој член, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, има право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

(7) Во случаите од ставовите (3), (4) и (5) на овој член, работодавачот е должен пред започнувањето на работата, да го извести Државниот инспекторат за труд.

(8) Дејностите и работите од ставот (3) алинеи 42 и 43 на овој член, ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.

(9) Формата, содржината и начинот на известувањето од ставот (7) на овој член, ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.“.

Член 3

По членот 259-a се додава нов член 259-б, кој гласи:

„Член 259-б

(1) По исклучок од членот 258 став (1) од овој закон, ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај работодавачот работи работник во недела, спротивно на членот 134 од овој закон, со решение ќе му забрани на работодавачот вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена, ќе му издаде прекршочен платен налог. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог или не го плати, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, согласно со Законот за прекршоците.

(2) Ако работодавачот го повтори прекршокот од ставот (1) на овој член, инспекторот со решение ќе му забрани вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 30 дена и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка согласно со Законот за прекршоците.

(3) За време на забраната за работа од ставовите (1) и (2) на овој член, работодавачот е должен на работниците да им исплатува надоместок на плата во висина од исплатената плата на работникот во претходниот месец и придонеси од плата и за време на забраната не смее да го намали бројот на вработените.

(4) Против решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до органот надлежен за одлучување во втор степен, согласно со закон.

(5) Жалбата не го одлага извршувањето на решението од ставовите (1) и (2) на овој член.

(6) Овластените службени лица се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.

(7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член, се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.

(8) Личните податоци од ставот (7) на овој член, се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.”.

Член 4

Подзаконските акти предвидени со овој закон, ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 5

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за работните односи.

Член 6

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2022 година.

Државниот инспекторат за труд во врска со новите измени на Законот за работните односи

Измените на Законот за трговија со европско знаменце на собраниска седница

Шахпаска за изгласаните измени на ЗРО за недела како ден за неделен одмор

ОРМ бара дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела

Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време

КСС: Работничките права повторно се под манипулација

„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд

Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти

МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор

Утврдени измените на ЗРО, според МТСП за над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор

Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија

Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО

Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В