/ Прочитано:

857

Денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“

Кривичниот суд денеска треба да ја изрече пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на незаконското масовно прислушување во Македонија кое се вршело од 2008 до 2015 година. Првообвинет во предметот е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Обвините се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Горан Грујевски и Никола Бошковски од УБК, за кои е издадена меѓународна потерница, како и Надица Николиќ и други лица.

Обвинителството за обвинетите кои биле создавачи на групата побара максимални казни. Одбраната во судскиот процес го негираше обвинението, нагласувајќи дека одговорноста не е кај обвинетите и дека обвинението е засновано на претпоставки, а не на докази.

Јавното обвинителство: Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството

Обвинителството: Постојат основи на сомнение за помагање на бегството на Мијалков

МВР ја објави националната потерница за Сашо Мијалков

Кривичен суд: Обвинителството бараше притвор за Мијалков поради сомнение за бегство

МВР во потрага по Сашо Мијалков, кому му е определен куќен притвор

НОВА ИСТРАГА НА СЈО, СО ИМЕ „ТАРГЕТ“: Лица од УБК осомничени за незаконско прислушување на граѓаните

М.В