/ Прочитано:

925

Денот што беше неработен поради посетата на папата ќе биде одработен на 8 јуни

Владата донесе заклучок 7 мај кој беше прогласен за неработен ден поради посетата на папата Франциск да биде одработен на 8 јуни. Од Владата посочуваат дека заклучокот се однесува и на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и на детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје. Тие ќе добијат планови за работењето во овие дејности од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за здравство.

„Со оваа одлука Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје да ја спроведе оваа одлука 8 јуни да биде работен и за вработените во овој сектор, доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор“, соопштуваат од Владата.

Папата Франциск со пораки за мир и соживот

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Информации за специјалниот сообраќаен режим воспоставен за посетата на папата

M.В