/ Прочитано:

928

Денови на финансиската писменост: Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани

Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост коишто ќе се одржат следната неделаНародната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска на следниве теми:

–       Монетарна политика  – 24 ноември;

–       Финансиска стабилност – 25 ноември и

–       Платен систем и платежни услуги – 26 ноември.

Презентациите ќе се одржуваат преку интернетсо почеток во 14 часот. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака:

– на е-адресата: edukacija@nbrm.mk или

– на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

Рокот за пријавување е до крајот на оваа недела – до 22 ноември 2020 година.