Десетмина обвинети во случаите на СЈО остануваат без пасош
Жалбите на обвинетите се одбиени како неосновани и во согласност со тоа без пасош остануваат: поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Без пасош остануваат уште петмина обвинети во случаи покренати од СЈО.
Апелацискиот суд во Скопје денеска ги објави одлуките донесени по жалбите на 10-ина обвинети во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.
Жалбите на обвинетите се одбиени како неосновани и во согласност со тоа без пасош остануваат: поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Без пасош остануваат уште петмина обвинети во случаи покренати од СЈО.
Претходно беше одбиена и жалбата на новинарката Ивона Талевска, како и на обвинетите во случајот „Тортура“, меѓу кои е поранешниот началник на „Алфите“, Ивица Анчевски-Пуки и уште четворица полицајци-алфи.