/ Прочитано:

965

Дескоска: Промената на името беше направена за интеграција во Европската Унија

Министерката за правда, Рената Дескоска, се обрати на јубилејното 30 издание на Кран Монтана форумот, кој деновиве се одржува во Женева, Швајцарија.

Во своето обраќање во рамките на сесијата посветена на глобалната безбедност во медитеранскиот регион, министерката Дескоска истакна дека Република Македонија важела за една од најнадежните поранешни југословенски републики во поглед на евроинтеграцискиот процес, но дека државата останала заглавена во чекалната на ЕУ најмногу поради проблемот со името.

„Во 2009 година мојата држава доби позитивен извештај од Европската комисија со препорака за започнување на преговорите, но потребно беше да се реши проблемот со името. Чекањето се одрази доста негативно врз мојата држава – следуваше тешка политичка криза и формирање на нова влада на која ѝ беше јасно посочено дека влезот во ЕУ и НАТО е условен со решавање на споровите со соседите“, потенцираше Дескоска.

Спорот со името е решен, посочи министерката Дескоска, но преостанува Европската Унија да ги отвори преговорите со Република Северна Македонија, што всушност и беше мотивацијата за решавање на долгогодишниот спор со Република Грција.

„Придобивките од овој договор денес не ги чувствуваат само нашите две држави, туку регионот и цела Европа, но потребно е заокружување на овој процес. Промената на името беше направена за интеграција во Европската Унија, не за повторно да останеме без перспектива. Промената на името пред граѓаните на мојата држава беше направена со ветување дека европерспективата на нашата држава е загарантирана, а не дека ќе следува повторна блокада. Северна Македонија не може да се смета за успешен пример ако не успее во исполнувањето на својата цел – евроинтеграција“, истакна Дескоска.

Ненаградувањето на напорите на Република Северна Македонија, исто така, според министерката Дескоска, испраќа лоши пораки за спорот со Србија и Косово. Токму затоа министерка посочи дека одлуката за почеток на пристапни преговори е важна не само заради нас, туку и заради пораката којашто ќе се испрати до целиот регион – порака дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значи и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните.

„Отворањето на датумот за преговорите за Северна Македонија не значи директен прием на државата во ЕУ – најмакотрпната работа за нашата држава започнува со исполнувањето на европските стандарди, и за тоа сме многу свесни и токму таа можност ја посакуваме. Интеграцијата во ЕУ е сериозен, долг процес – бараме да го започнеме тој процес. Да потсетам само дека голем број држави кои ги започнаа преговорите со ЕУ беа далеку помалку подготвени од Северна Македонија во моментот, држава која не бара брз влез во ЕУ, туку само шанса и поддршка во демократските реформи“, потенцираше Дескоска.

Што се однесува до усогласувањето на домашното законодавство со европските стандарди, министерката Дескоска истакна дека во процесот на менувањето на законите од областа на правосудството и борбата против корупцијата, земјата е во постојана комуникација со Венецијанската комисија и Европската комисија, што ја држи земјата на вистинскиот пат.

Институтот за европска политика: Препораката неспорна, датумот неизвесен

Коментари за Извештајот на Европската комисија во однос на правосудството, економијата и социјалната политика

Европската комисија препорача започнување на преговорите

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Коментар на ЕПИ за заклучоците на Советот на ЕУ: Најава за почеток на еден долг пат

Извештајот на Европската комисија  за независноста, стручноста и квалитетот на правдата во правосудството

Коментари по повод Извештајот на Европската комисија за Република Македонија

М.В