Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија
Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија, истакна министерката за правда во своето обраќање на Охридската школа на природното право.
„Како правник и сега како министер слушам различни прашања деновиве за тоа дали можеме со Законот за референдум да го менуваме цензусот за референдумот. Не може затоа што цензусот е уставна категорија. Ако се залагаме за владеење на право и за почитување на Уставот, не можеме да менуваме нешто што е изречно уставно загарантирано“, подвлече министерката за правда, додавајќи дека Уставот е донесен со поширок консензус и тој треба да ѝ ги врзе рацете на секоја власт којашто во моментот ќе посака да излезе од неговите рамки.
Инаку, во членот 73 од Уставот на РМ се пропишува дека Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В