Дескоска: Уредбите со законска сила имаат еднаква правна сила со законите
Премиерот Спасовски и министерката Дескоска објаснија дека воведената вонредна состојба не значи ново ограничување по автоматизам, туку можност и олеснување на работата на Владата, доколку е потребно да донесе уредби со законска сила со цел да го заштити здравјето на граѓаните и да се справи со економските последици, кои, за жал, ги чувствуваат граѓаните во Европа и во светот.
„Ниту вчера, ниту денеска никој повеќе нема дилеми дека настапија околностите од членот 125 од Уставот за прогласување на вонредна состојба. Одлуката со која се утврди вонредната состојба има важност најмногу 30 дена, што значи дека доколку ситуацијата се смири, таа може да биде прекината, но исто така, ако продолжи пандемијата, вонредната состојба може да се продолжи“, рече министерката Дескоска, оценувајќи дека слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на вонредна состојба, доколку има потреба.
„Наша заедничка заложба е ограничувањето на правата да биде минимално и само кога е тоа нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза и нема да бидат потребни нови мерки за ограничување на правата на граѓаните“, рече министерката Дескоска, апелирајќи сите доброволно и совесно да ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и на Владата.
„Со воведување на вонредна состојба, Владата, согласно членот 126 од Уставот, добива право да носи уредби со законска сила. Тоа се акти со кои ќе регулира прашања кои во нормална ситуација се во надлежност на Собранието. Уредбите со законска сила имаат еднаква правна сила со законите и со нив ќе можеме да измениме одредени законски одредби или да донесеме одредени мерки кои се итно потребни, а кои без прогласена вонредна состојба би требало вообичаено да поминат законска постапка во Собранието“, информираше министерката Дескоска на денешната прес-конференција.
Премиерот Спасовски и министерката Дескоска изразија уверување дека мерките донесени за заштита од проширување на коронавирусот ќе помогнат успешно да се надмине настанатата ситуација. Тие на прес-конференцијата изразија желби за скорешно закрепнување на пациентите кои се наоѓаат на болничко и на домашно лекување.
Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот
Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити
Филипче: Што значи вонредна состојба?
При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила
УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата
Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба
Уставните одредби за вонредната состојба
Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети
Владата: Вонредна состојба веднаш
Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите
Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните
МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи
Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс
Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот
Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта
Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи
Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек
Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна
Замрзнати цените на основните продукти
Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот
Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот
Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В