/ Прочитано:

1.525

Дескоска: Законите за укинување на екстерното утре на собраниска седница

„Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска е одблокирано Собранието. Затоа сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители дека оваа година екстерно тестирање нема да има“, изјави Дескоска во Парламентот.

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, која е предлог на мандатарот на новата Влада за министер за образование, денеска изјави дека утре на дневен ред на седница на Собранието ќе бидат ставени три закони со кои, како што рече, ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта.

„Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска е одблокирано Собранието“, изјави Дескоска во Парламентот.

Таа нагласи дека веќе е завршена конститутивната седница со избор на Комисија за избори и именувања, а нагласи дека ќе бидат и избрани комисиите коишто се надлежни за законите коишто се во областа на образованието.

„Затоа сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители дека оваа година екстерно тестирање нема да има“, потенцираше Дескоска.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали има шанси утре да се заврши со оглед дека петок е неработен ден, а екстерното оценување почнува в понеделник, Дескоска рече дека ќе направат сè да се донесе законот.

„Утре ќе работиме цел ден, сабота и недела имало обичај Собранието да работи, така што ќе бидат направени сите напори законот да биде донесен. Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, мислам дека веќе наидуваме на разбирање во смисла што денеска видовме одблокирање на комисиите, формирање комисии, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Но, јас апелирам до сите луѓе кои гласаат, сите пратеници во Собранието, да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците“, рече Дескоска.

На прашањето дали постои шанса министерот сам да го одобри законот, Дескоска повтори дека верува оти законот ќе биде донесен и дека ќе нема потреба, како што наведе, да ги употребат резервните варијанти.

„Се надевам дека екстерното тестирање ќе биде укинато по законски пат, без да одиме со други подзаконски акти“, изјави пратеничката Дескоска.

А. Б.