/ Прочитано:

2.245

Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот во согласност со потребите на родителите

Министерството за труд и социјална политика објави соопштение во врска со работното време на јавните установи за деца/детски градинки.

 

„Во врска со информациите што стигнуваат до Министерството за труд и социјална политика дека во одредени јавни установи за деца/детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, УКАЖУВАМЕ дека:

Наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во јавни установи за деца/детски градинки.

Децата ќе се згрижуваат во текот на денот во согласност со потребите на родителите. 

Двосменското работење подразбира дека опфатот и згрижувањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и досега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот.

Апелираме до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата! Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и во согласност со неа и потребите на родителите, да го организираат работењето на установата“, се вели во соопштението.

M.В