/ Прочитано:

3.227

Девет нотари добија решенија за почеток со работа

Според подрачјата на кои ќе работат нотарите најмногу решенија се доделени во Гостивар, односно три, потоа по две решенија за нотари кои ќе работат на подрачјето на Куманово и Струга и по еден нотар на подрачјето на Скопје и Тетово.

Илустрација, адвокати

Нотарската комора на Република Македонија, врз снова на член 11 став 4 од Законот за нотаријатот, на 15 овој месец им врачила решенија за почеток со работа на девет нотари. Според решението објавено во „Службен весник на РМ“, тие треба да започнат со работа од 22 август 2016 година.

Според подрачјата на кои ќе работат нотарите, најмногу решенија се доделени во Гостивар, односно три, потоа по две решенија за нотари кои ќе работат на подрачјето на Куманово и Струга и по еден нотар на подрачјето на Скопје и Тетово.

Именуваните нотари кои добиле решенија за почеток со работа се:

  •  Мајљинда Ајдари – нотар за подрачјето на Основните судови на Градот Скопје;
  •  Сузан Лимани – нотар за подрачјето на Основниот суд во Куманово;
  •  Еџевит Аљији – нотар за подрачјето на Основниот суд во Куманово;
  •  Нита Џафери Исени – нотар за подрачјето на Основниот суд во Тетово;
  •  Неѓми Алиу – нотар за подрачјето на Основниот суд во Струга;
  •  Генци Мухареми – нотар за подрачјето на Основниот суд во Струга;
  •  Зарија Џафери – нотар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
  •  Јакуп Демири – нотар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар и
  •  Иљбер Јусуфи – нотар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар.