Деветнаесет лица застрелани за време на парада во Њу Орлеанс, според ФБИ не се работи за терористички напад
Понеделник, 13 мај 2013 – Најмалку 19 лица се повредени при пукање за време на парада по повод Денот на мајката во јужниот американските град Њу Орлеанс, во државата Луизијана, јавува АФП.
Според последните информации во пукотниците се ранети 19 лица, од кои десет мажи, седум жени и две деца.
Полицијата од врата до врата го претресува северниот дел на градот во потрага по тројцата мажи кои биле забележани како веднаш по пукањето бегаат од местото на несреќата.
„Масовната пукотница во Њу Орлеанс е акт на улично насилство, а не терористички напад“, изјавил портпаролот на Федералното истражно биро, пренесуваат тамошните медиуми.
На парадата во времето на пукањето имало околу 200 луѓе.