/ Прочитано:

1.248

Девојката на Лука Карабатиќ признала: Се обложив на поразот на „Монпелје“

Понеделник, 1 октомври 2012 – Во текот на полициската истрага девојката на Лука Карабатиќ признала дека се обложувала по директива на нејзиното момче, пишува „Јутарњи лист“. Одбраната на браќата ракометари Карабатиќ негира дека натпреварот бил наместен. Според нивниот адвокат Ерик Дупонд Морети,  тие признале дека се обложувале, па според него тоа е спортски прекршок, но не е кривично дело. 

Џени Прајз и Лука Карабатиќ

Девојката на Лука Карабатиќ признала дека се обложила на загубата на „Монпелје“. Информацијата ја потврдил и нејзиниот адвокат Антон Камус.

„Џени Прајз се обложила дека „Монпелје“ ќе загуби на тој натпревар, по директива на Лука Карабатиќ. Тој и дал пари за да се обложи“, изјавил адвокатот Антон Камус, а пренесува „Јутарњи лист“. 

Одбраната изјавува дека француското обвинителство ќе треба да докаже дека натпреварот бил наместен, а ако немаат докази залудно им е признанието на ракометарите дека се обложувале.

„Наместениот натпревар треба да се докаже, обвинителот треба да има докази, двајцата категорично негираат дека го наместиле натпреварот, тие не се лажговци и натреварот не бил наместен“, изјавил адвокатот Ерик Дупонд Морети.

Се претпоставува дека ова е најголемата афера во историјата на ракометот. Насловните страни на француските медиуми се преполни со информациите за полициското сомнение дека Никола и Лука Карабатиќ наместиле натпревар за да профитираат од француските обложувалници. Браќата ракометари одлучиле да молчат пред истражните органи, а им се заканува затворска казна до 5 години. Заедно со нив осомничени се уште 6 нивни соиграчи. Полицијата ги сомничи дека тие го наместиле натпреварот меѓу „Монпелје“ и „Сесон“ кој се одржа во Рен во мај оваа година. На натпреварот „Монпелје“ изгуби во гости, а коефицентот во кладилниците изнесувал 45. Според сомнението на полицијата вкупно осум играчи на „Монпелје“ меѓу кои и браќата Карабатиќ им дале 5000 евра на своите сопруги и девојки за да се обложат во 3 француски обложувалници при што заработиле 200.000 евра.

>> Уапсените ракометари Карабатиќ се бранат со молчење, им се заканува казна до 5 години затвор