/ Прочитано:

1.009

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денес во Брисел оствари две одвоени средби со европратеникот и претседавачот на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернандо Лопе Агулар и хрватскиот европратеник Тони Пицула. Тема на разговорите беа реформите во правосудството кои ги презема Министерството за правда, како и евроинтеграциите.

Маричиќ ги потенцираше реформите во судството, со фокус на проектот за дигитализацијата на судовите, процес на кој интензивно работи Министерството за правда, а ќе резултира со над 100 дигитализирани судници, што ќе претставува огромен технолошко-информатички скок и модернизација. Тоа ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени во процесите.

Дополнително, министерот информираше и за процесот на филтрација во правосудството, кој го спроведува Судскиот совет, како и за тоа што, според него, претставува овој процес за Министерството за правда, а тоа е враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. На состаноците беа претставени и деталните планови за борба против корупцијата.

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В