Дигитализација на инспекциската постапка преку системот „Е-инспектор“

Со  дигитализацијата на  инспекциската постапка  се воведуваат новини особено во фазата на  планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматко генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат  од оваа постапка.

За да може сето ова да функцинира, образложуваат од Владата, беше неопходно да се изготват голем број на документи кои произледуваат од Законот за инспекциаки надзор а тоа се:

– повеќе од 200 Листи за проверка ( Чек листи) кои задолжително ќе се користат при редовните надзори, како и

– 28 Методологиите за процена на ризик ,  во кои се утврдени критериумите за определнување на степенот на ризик на субјектите на надзор во однос на почитување / непочитување на законските обврски.

На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и ниско ризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите.

Со Е-Инспектор се прават промени и при  распределбата на надозорите, односно распределбата на надзорите/предметите до инспекторите ќе биде исто така автоматизирана и ќе се врши согласно одредени критериуми  како што се обемот, сложеноста и тежината на надзорот, и  нивото и искуството на инспекторите.

Исто така, преку овој софтвер и неговото приклучување кон платформата за интероперабилност, инспекторите  ќе можат лесно и брзо да ги добијат сите податоци од другите институции кои им се неопходни за да можат квалитетно и навремено да ја спроведат и завршат инспекциската постапака, со што ќе се намали и притисокот кон стопанствениците во однос на обезбедувањето на потребните податоци.

Овој софтвер за почеток ќе го користат 3-те инспекциски служби кои имаат најголем број на субјекти на надзор и од приватниот, но и од јавниот  сектор, а тоа се пазарната, трудовата и управната инспекција. До крајот на годинава  вонредните надозри кои ќе се вршат од страна на овие 3 инс служби  ќе бидат водени преку системот Е-Инспектор, а веќе од јануари 2022 , откако ќе се донесат годишните планови за работа за 2022 и месечни планови за работа за јануари 2022, инспекторите ќе отпочнат да ги водат и редовните надзори преку овој систем.

Овие инспекторати веќе располагаат со соодветна хардверска опрема/лаптопи за сите инспектори, кои се обезбедија преку меѓуинституционална соработка на Инспекциски совет и Државниот завод за статистика.

Во 2022 година ќе се отпочне со доразвивање на софтверот со цел да се овозможи пристап и на уште 13 државни инспекторати, а за  2023 година се планира пристап и за сите преостанати инспекциски служби.

М.В