/ Прочитано:

822

Дигитализирање на Европската младинска картичка

„На предлог на Агенцијата за млади и спорт, на денешната седница е разгледана и усвоена и Информацијата за проектот „Дигитализирање на Европската младинска картичка“, кој како процес има за цел да им обезбеди на младите корисници на оваа картичка да ги користат услугите што се предвидени со неа преку своите мобилни уреди, потоа да се олесни дигиталното аплицирање за добивање на Европската младинска картичка, како и да се обезбеди едноставен пристап до сите информации каде и кои услуги можат да се добијат со оваа картичка.

Младите на возраст од 15 до 29 години, како корисници на Европската младинска картичка можат да користат поволни услуги ширум Европа, а од почетокот на овој проект во јуни 2019 година во нашата земја до сега се издадени повеќе од 4.500 картички и се направени повеќе од 350 договори со правни субјекти кои своите услуги им ги ставаат на располагање на корисниците на картичките“, информираат од Владата.

Европска младинска картичка

М.В