Дијалог за реформите во Поглавјето 23
„Во изминатиот период во Северна Македонија беа донесени клучните реформски закони во областа на правосудството и човековите права, но останува да се видат резултатите од практичното спроведување на тие закони, што ќе бидат важни во пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 23.“
Ова беше истакнато на настанот дијалог за политика „Реформите во Поглавјето 23“, организиран во рамки на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“, имплементиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) и Хелсиншкиот комитет за човекови права. На настанот беше презентиран четвртиот „Нацрт-извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година“.
„Значајно е да се забележи дека допрва претстои имплементацијата на донесените закони, но имајќи ги предвид долгите дискусии за овие закони, треба да се напомене дека ова се закони што добија позитивни мислења од Венецијанската комисија и очекуваме дека ќе постават добра основа за поправање на одредени грешки што ги утврдивме во изминатите години, што беа детектирани и во извештајот на Рајнхард Прибе и експертската група“, потенцираше директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.
Таа додаде дека овој извештај е сеопфатен за Поглавјето 23, кое ги опфаќа правосудството и темелните права.
Кацарска истакна дека клучен реформски закон во делот на антикорупцијата беше Законот за борба против корупцијата, како и изборот на Антикорупциската комисија, и начинот на кој беше избрана.
„Она што треба да го имаме предвид е дека тешко е за оние закони што се непотпишани од претседателот или што се наоѓаат во собраниска процедура да утврдиме досие на постигнување, и веројатно нашиот нареден извештај ќе се фокусира на досието на постигнувањата и ефектите во овие закони, и институциите ќе мора да ги следат во наредниот период за да може да ги проценат нивните ефекти, што е особено значајно во контекст на отворањето на преговорите и скринингот што тече во моментот“, додаде таа.
Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, истакна дека во извештајниот период беа донесени круцијални закони, како што е Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за прекинување на бременост. Таа забележа дека, иако не беа потпишани од претседателот на Северна Македонија, овие закони сепак се голем чекор напред кога станува збор за ранливите групи и особено за ЛГБТИ-заедницата.
„Останува да биде довршен и малолетничкиот затвор во Тетовско. Тоа ќе биде од голема важност бидејќи во моментов малолетниците осуденици се наоѓаат во затворот во Охрид, каде што немаат можност за едукација, ниту пак за ресоцијализација, што е многу важно прашање“, рече Пировска и додаде дека сè уште се забележуваат истите негативни феномени во однос на казнено-поправните и воспитно-поправните установи, особено за здравствената заштита на осудениците.
„Во извештајниот период не се случи отворањето на новиот оддел на затворот Идризово, кој го посетив пред извесно време и кој е направен според сите стандарди, и дека на околу 600 осуденици ќе им пружи достоинствен престој во казнено-поправните установи“, истакна Пировска.
„Извештајот соодветно ги детектира и слабостите и напредокот. Ние се обидуваме со инклузивен пристап и на транспарентен начин да работиме и да добиеме мислење од сите заинтересирани страни“, изјави Љубица Караманди-Попчевски, државна советничка во Министерството за правда. Таа додаде дека е предизвик што Венецијанската комисија и ГРЕКО немаат исти препораки.
Владимир Георгиев од Антикорупциската комисија истакна дека нацрт-извештајот реално ги претставува состојбите во антикорупциската политика. Тој кажа дека треба да се работи на усогласување со препораките од ГРЕКО, бидејќи според последниот извештај само 6 од 19 мерки се усогласени.
Забелешките од дијалогот за политики ќе бидат интегрален дел од финалната верзија на „Извештајот во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година“, кој понатаму ќе биде презентиран и споделен со клучните национални и меѓународни засегнати страни.
Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност
Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија
Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство
Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија
Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО
Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците
Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата
Клучните измени на Законот за судовите
Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В