ДИК денеска ќе го доставува гласачкиот материјал до Општинските изборни комисии
Четврток, 3 април 2013 – Гласачкиот материјал за вториот круг од „Локалните избори 2013 година“, утрово беше подигнат од печатницата „Киро Дандарот“ во Битола. За безбедниот транспорт на материјалот и овој пат се грижеше полицијата.
Под силно полициско обезбедување и со поштенски возила, денеска во предвидениот рок, Државната изборна комисија го подигна гласачкиот материјал за вториот изборен круг и за гласачките места каде што ќе се прегласува на локалните избори. Гласачкиот материјал, Државнатат изборна комисија денеска ќе го достави до сите изборни комисии каде ќе има втор круг на гласање и прегласување.
Претходно, по одлуката на Управниот суд, Државната изборна комисија одлучи дека повторување на гласањето во првиот круг ќе има на три избирачки места во Општина Струмица како и на едно избирачко место во Општина Долнени.
Во втор круг ќе се гласа во 29 општини плус градот Скопје.