/ Прочитано:

716

ДИК денеска продолжува да одлучува по приговорите за изборниот процес

Петок, 29 март 2013 – Иако законскиот рок од 48 часа на заврши синоќа во 19 часот, Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе продолжи со разгледувањето и одлучувањето по приговорите за изборниот процес поднесени од страна на политичките партии.

Законскиот рок од 48 заврши вчера во 19 часот, сепак  членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во 3 часот, при што денеска продолжуваат да одлучуваат по приговорите поднесени од политичките партии за првиот изборен круг. 

ДИК започна со разгледување на приговорите завчера и е во постојано заседание. Досега разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии.

Синоќа до 21 часот поништено беше гласањето на едно избирачко место во Охрид, а делумно беа прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки 20-тина приговори. Овие приговори се однесуваат генерално на прекршоци направени од страна на членови на избирачките одбори.

По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.

Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април.