24 март, 2013 13:18
paula
/ Прочитано:
ДИК: До 13 часот излезноста е 35,01%
Недела, 24 март 2013 – До 13 часот во Македонија на гласање излегле 554.883 лица или 35,01%, соопшти Државната изборна комисија укажувајќи дека ова се резултатите од 2.976 избирачки места.
Во 13 часот од 89 насто од избирачките места гласале 554.883 гласачи, односно 34,87 отсто од гласачите. Во Скопје од 89,37 избирачки места гласале 123.033 граѓани, односно 31,21 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
„Најголема излезност има во Вевчани со 60, 52 проценти, Берово 45, 85 отсто, Битола 40, 25, Кичево 54, 69 отсто, а најмала во Босилово, 21, 04, тука се и Врапчиште 23 проценти, Боговиње 25 отсто“, изјави портпаролката на ДИК Билјана Јовановска.
Граѓаните денеска избираат локални власти во 80 општини и Градот Скопје. Се гласа на 2.976 гласачки места за 350 кандидати за градоначалници и за 480 листи за советници. Право на глас имаат 1.743.403 граѓани.
>> Одзивот на гласањето можете да го следите тука