/ Прочитано:

1.045

ДИК: До 17 часот излезноста 46,78%, најголем одзив во Лозово, најмал во Сарај

Недела, 7 април 2013 – До 17 часот излезноста 46,78%, најголем одзив во Лозово, најмал во Сарај, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). 

Според пристигнатите податоци во ДИК, до 17 часот најголем одзив имало во Лозово, со 78,57%, или од 2.137 регистрирани гласачи, до 17 часот избирачкото право го оствариле 1.679 гласачи.

Најмал одзив има во скопската општина Сарај, каде излезноста до 17 часот изнесува 13, 35%, или од 28.375 регистрирани гласачи, досега гласале 3.787.

Покрај Лозово, со најголема излезност следат Могила со 70,17 отсто, Струмица 75.27, Берово 72,65, Богданци 70,80, Велес 58,17, Гостивар 45,52, Тетово 60,91, Ѓорче Петров 53,78, Гази Баба 31,12, Бутел 36,27 и Аеродром 36,56.