/ Прочитано:

2.799

ДИК донесе одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на изборите

На општинските изборни комисии им се одобруваат финансиски средства во износ од 2.312.000,00 денари за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 декември 2016 година. Средствата се обезбедуваат од редовната сметка на Државната изборна комисија, од разделот 02004, од средствата за изборни активности.

Државна изборна комисија

Врз основа на членот 31 став 2 точка 44 и членот 88 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во согласност со членот 44 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број 01-1089/1 од 4.7.2006 година, а во врска со Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 6.12.2016 година, донесе:

Одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11.12.2016 година.

1. На општинските изборни комисии им се одобруваат финансиски средства во износ од 2.312.000,00 денари за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 декември 2016 година.

2. Средствата се обезбедуваат од редовната сметка на Државната изборна комисија, од разделот 02004, од средствата за изборни активности.

3. Средствата определени во точката 2 на оваа одлука се користат за трошоци што настануваат во врска со извршувањето на изборните активности, за надомест на гориво за обиколка на избирачките места и предавање на изборен материјал, трошоци за храна за денот на гласањето, услуги за преведувачи и други расходи по налог на Државната изборна комисија.

4. За потрошените средства на име тековни трошоци задолжително се доставува соодветна документација (сметкопотврди и фискални сметки).

5. За реализација на оваа одлука се задолжува Одделението за сметководство и плаќања во Секторот за финансиски прашања.

6. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.