/ Прочитано:

7.910

ДИК ги објави адресите на општинските изборни комисии

Оштинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивни заменици од политичките партии на власт и од политичките партии во опозиција.

ДИК табла

Државната изборна комисија информира дека истече рокот до кога политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, требаше да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивни заменици во Република Македонија до општинските изборни комисии.

Поради тоа, како што се наведува во соопштението на ДИК, општинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивни заменици од политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и од политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, а по приемот на листите електронски да ја известат Државната изборна комисија.

На следниот линк ДИК ги објави адресите на општинските изборни комисии.

https://drive.google.com/file/d/0B8ZpCwro9h-zeVpmUDkzSG8wdlU/view