/ Прочитано:

1.032

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, за Струга прифатени четири

Петок, 12 април 2013 – Државната изборна комисија на вчерашното продолжение на седницата отфрли приговори за пет избирачки места за гласањето во Општина Центар поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Прифатени се четири приговори за Струга.

Приговорите во Центар главно се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање на лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии.

ДИК до сега не прифати ниту еден  од 66-те приговори за гласањето во вториот круг  во општина Центар поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Останува можноста на жалби до Управниот суд. Четири приговори поднесени исто од владејачката партија се прифатени за нерегуларности во гласањето во Струга. Поради ова членот од ДПА Бедредин Ибраими се закани дека ќе ја напушти седницата на ДИК, а Субхи Јакупи од ДУИ рече дека ова одлука е донесена врз основа на етничко гласање.