ДИК ги соопшти резултатите од локалните избори
Државната изборна комисија сооопшти дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 22 градоначалници во првиот круг на локалните избори, коалицијата на СДСМ 9, а ДУИ тројца градоначалници. Во првиот круг градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се избрани во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.
Градоначалници од СДСМ се избрани во Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и во Струмица, додека пак, градоначалници од ДУИ се избрани во ДУИ во Липково, Пласница и Сарај.
Во другите општини, меѓу кои и за Градот Скопје, ќе има втор круг на избори. Поради немање цензус, првиот круг од локалните избори во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше ќе се повтори.
ОБСЕ/ОДИХР: Потребни се суштински реформи на изборното законодавство
ОБСЕ/ОДИХР оцени дека локалните избори поминале во натпреварувачки дух и со почитување на основните слободи, но има потреба од суштински реформи во однос на изборното законодавство.
Нотирано е дека на самиот ден на изборите се забележани чести проблеми со уредите за идентификација, а имало и случаи на заплашување. Во кампањата забележена е негативна реторика особено насочена кон кандидатките.
JO: Голем број поднесоци за изборни нерегуларности
Обвинителството постапува по повеќе предмети во врска со локалните избори
М.В