/ Прочитано:

3.044

ДИК го објави упаството од Изборниот законик за болни и немоќни лица

Под немоќно или болно лице се подразбира лицето кое не е во можност да ги врши основните животни потреби (не е во можност да се движи во станот ниту со користење на соодветни помагала, да одржува основна лична хигиена, да се облекува, да зема храна, ниту да врши други дејства за задоволување на основните животни потреби), односно лицето е неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускуларни заболувања, церебрална или детска парализа или параплегија.

гласачка кутија

Државната изборна комисија го објави упатството од Изборниот законик за болни и немоќни лица за примена на член  111  ставови  1, 2 и 3 од Изборниот законик

(1) Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна комисија), а сака да гласа, за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.

(2) Даденото известување од ставот (1) на овој член се однесува и на првиот и на вториот круг на гласање.

(3) Известувањето од ставот (1) на овој член може да се даде и преку полномошник.

1. Под немоќно или болно лице се подразбира лицето кое не е во можност да ги врши основните животни потреби (не е во можност да се движи во станот ниту со користење на соодветни помагала, да одржува основна лична хигиена, да се облекува, да зема храна, ниту да врши други дејства за задоволување на основните животни потреби), односно лицето е неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускуларни заболувања, церебрална или детска парализа или параплегија.

2. Известувањето дека лицето е немоќно или болно и сака да гласа, се доставува до општинската изборна комисија во местото каде лицето има постојано живеалиште, Покрај известувањето до општинската изборна комисија треба да се достави во оригинал или копие и медицински доказ за болеста или решение за користење на туѓа нега од трето лице за болестите наведени во точка 1 од ова Упатство… (повеќе)

https://drive.google.com/file/d/0B8ZpCwro9h-zLXR0NHd3SkNBSlk/view