/ Прочитано:

973

ДИК го усвои роковникот за локалните избори

Четврток, 28 февруари 2013 – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои новиот роковник за локалните избори откако Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто рокот за поднесување на кандидатурите се продолжува до 3 март, објави МИА.

Според претседателот на ДИК Борис Кондарко направен е упад во Изборниот законик. – Среде изборен процес, донесени се измени кои не можат да се вклопат во веќе донесениот роковник на изборните дејствија, рече Кондарко. Дел од членовите на ДИК не се согласија и сметаат дека размислува политички.

Говорот на Кондарко, Анета Стефановска го оцени како политички.

 – Законот е донесен по скратена постапка, во знак на добра волја, ова е подадена рака за опозицијата. Никој не може со сила некого да го влече да влезе во парламентот, рече  Стефановска.

ДИК на денешната седница ги разгледуваше и барањата од ОБСЕ и ОДИХР за акредитација на набљудувачи за локалните избори.