/ Прочитано:

1.088

ДИК го започна вкрстувањето на податоците од базите на 10 институции

На овој процес му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи со базите на останатите институции чии податоци ќе бидат користени.

DIK

Експертите ангажирани од Државната изборна комисија денеска го започнале вкрстувањето на податоците од 10 бази на податоци добиени од релевантни државни институции, информираат од ДИК.

На овој процес му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи со базите на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Централниот регистар на РМ, Народната банка на РМ и Управата за јавни приходи.